Во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ пејачката Дара Бубамара се пошегува со нејзиниот кандидат Тарик Јашар и му кажа дека таа му средила да помине во следен круг: „Дојди, малечок, да ме бакнеш бидејќи јас ти го средив сето ова“ – велеше пејачката.

Со оглед на тоа што сите се согласиле дека Тарик е млад, убав и талентиран, Саша Поповиќ констатирал дека многу го потсетува на Душан Свилар. „Поубав е од Свилар! И тој е убав, ама малку мртов“ – одговорила Дара.

Душан Свилар

Душан кој победи на овој натпревар во 2007 година и кој до ден-денеска трае со неговата музичка кариера за српскиот медиум „Ало“ кажал дека не знае која е Дара. „Која е таа?“ Не знам дали мислела на мене, јас не сум единствен пејач со ова име и презиме. Веќе долго време не го следам ова шоу така што не знам кој што коментира. Дотичната не ја познавам лично и не знам зошто таа би мислела на мене кога никогаш не ме видела – изјавил пејачот.

Фото: Инстаграм