Сака во Реал (М)? Така и ќе биде!

98

Најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азар, неколку пати има изјавено дека сака да си замине од “Стемфорд Бриџ” и дека цел живот сонува како го носи дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Ако се анализираат последните случувања во клупската соблекувална, лесно ќе се дојде до заклучок дека е прашање само на време кога белгискиот интернационалец ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу”.

Пред стартот на првенствениот дуел против екипата на Бурнемаут, менаџерот на лондонските “сини”, Маурицио Сари, изјави дека е можно Челзи да остане без најбараната “десетка” во фудбалскиот свет.

  • Еден има 28 години. Сака да си замине? Тогаш така и ќе биде! Нормално, но јас се надевам дека нема да дојде до една таква ситуација затоа што Еден го има се тоа што е потребно за да биде најдобар фудбалер на светот, изјави италијанскиот стручњак за британските медиуми.

Репрезентативецот на Белгија има договор со Челзи до 30 јуни 2020 година, а шпанскиот гигант е подготвен да одвои околу 120 мил. евра за неговото обесштетување. Кога е во прашање пак првенствениот дуел против Бурнемаут, лондонските “сини” доживеаја срамен пораз од 4:0.