Пеп збеснал по поразот од Њукасл

84

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил многу лут од играта на својот тим на првенствениот дуел против Њукасл. И покрај раното водство, актуелниот шампион на Англија на крајот доживеа минимален пораз од 2:1.

Според „Дејли Мејл“ шпанскиот тренер разговарал половина час со фудбалерите и со висок тон го изразил незадоволството од тоа што тимот не го притиснал противникот по првиот погодок и дека престанале да играат и не биле доволно агресивни.

По 24-то коло разликата помеѓу Сити и лидерот Ливерпул е пет бода, затоа што “црвените” одиграа само 1:1 против Лестер и не го искористија големиот кикс на директниот ривал.