Рускиот амбасадор Баздникин во посета прилепскиот Институт за тутун

290

Се развива соработката меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и ова е една од можностите за проширување на соработката, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин при денешната посета на прилепскиот Институт за тутун и на Музејот за тутун.

Посетата на амбасадорот беше во рамките на манифестацијата „Отворено во  Музејот за тутун и Институтот за тутун во Прилеп“ и во рамките на одбележувањето на Денот на Руската Федерација, а во организација на Сојузот на Здруженија за руско-македонско пријателство“ од Македонија и на прилепското „Македонско-руско друштво“.

Причината за посетата е што во Музејот за тутун се наоѓа збирка од 54 слики на руски автори, кои за првпат денес беа презентирани во јавноста.

Целта е јасна. Да се запознам со активностите на Институтот за тутун и кои се можностите за соработка помеѓу Институтот за тутун од Прилеп со надлежни руски институции. Се развива соработката помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и ова е една од можностите за проширување на соработката. Во лабараториите видов како се врши контролата на квалитетот на тутунот. Музејот на тутун е уникатен и со задоволство го посетувам. И, секако, интересно е да ги видам сликите на руските сликари кои се во Институтот. Можеби ќе направиме и изложба, изјави амбасадорот Баздникин.

Гордана Мицеска, директор на оваа научна институција рече дека Инситутот за тутун е една од најстарите институции во Македонија од областа на тутунската наука кој во декември ќе одбележи 95 години посгоење.

Ја објаснивме дејноста на Институтот, организационата поставеност, акредитираните пет лабаратории на Институтот, извештаите кои ги даваат тие лабаратории за квалитетот на тутунот и на семенскиот материјал. Инситутот е регистрирана институција за производство на сертифициран семенски материјал и тутун, единствена во Македонија. Може да се најдат начини за соработка со соодветна институција од Русија и Институтот е отворен за тоа. Институтот е еден од основачите на светската организација „Кореста“ чија проблематика е тутунското растение. Во декември Институтот за тутун ќе одбележи 95 години постоење, рече Мицеска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека се продлабочува соработката помеѓу Руската Федерација и амбасадата со Прилеп на повеќе полиња и оваа посета на амбасадорот е потрда на тоа.

Мило ми е што амбасадорот е по трет пат во посета на Прилеп. Досегашните средби ни дадоа за право да воспоставуваме односи на економски, културен образован план. Денешната средба е во Институтот за тутун, респектабилна и единствена таква инситутција која опстојува 95 години и успешно работи како научна установа. Соработката со Руската федерација и со Амбасадата продолжува, изјави Јованоски.