Еден бакнеж песни рој!

558

“Чао бејби“, слаткоречиво вели сексапилната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, која се огласи на Инстаграм, каде е снимена како влегува во бесното бело БМВ во бел тесен фустан. Но, тоа не е сè. Таа потоа тргнува да вози. Но зошто е сама? Или некаде на друго место ја чека нејзиниот грижен сопруг Јасмин Курузовиќ со кого пејачката е долги години во среќен брак. Претпоставуваме дека токму тоа веселото „чао бејби“ е упатено до Јасмин кој во наредниот период ќе ѝ биде и менаџер, откако и двајцата најавија дека ја напуштаат Шведска, па се вратија да живеат во Македонија. И, пак тоа не е сè од оваа атрактивна двојка. Тие со сликата на која се бакнуваат, што би се рекло онака “филмски“ не потсетуваат на еден нивен вистински бакнеж. Дали тоа значи дека и таа и тој сакаат да си ги евоцираат спомените или….да ни порачаат дека кога вистински се сака, сите желби стануваат остварливи. И така е. Брачната двојка има две ќеркички и хармоничен семеен живот на кој многумина би можеле болно да им љубоморат.  Д.М. /фото:ФБ на С.Г./