Русија попушти, земјите можат да го плаќаат гасот во странски валути

63

Русија попушти и ќе дозволи и натаму земјите кои купуваат гас да го плаќаат во странска валута.

„Непријателските земји“ можат да продолжат да плаќаат за рускиот природен гас во странска валута преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи.

Русија вети дека ќе има реперкусии ако земјите не плаќаат во рубљи, но Германија, Франција и Британија се побунија дека не сакаат уцени и Русија попушти.