Русија: Блокирани се 11 канали на Телеграм поради терористичка содржина

65
Руската агенција за надзор на комуникациите Роскомандзор го ограничи пристапот до 11 канали на платформата Телеграм поради „терористичка содржина“ во последните два дена, пренсе денеска агенцијата РИА.
Како што изјави за РИА Новости извор запознаен со ситуацијата во средата, извршителите на терористичкиот напад во Крокус сити хол во предградието на Москва преку биле регрутирани преку телеграмскиот канал Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграма кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.