Роналдо ја јаде најздравата храна во целиот свет

165

Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Ли Грант, откри дека неговите тимски колеги внимаваат на исхратата откако Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед пред неколку дена со убедливи 4:1 ја доби првенствената пресметка против Њукасл, а ноќта, пред натпреварот, ниту еден фудбалер на „црвените ѓаволи“ не јадеше благо. Причината е едноставна – се врати Кристијано Роналдо.

  • Ќе ви раскажам еден пример за да покажам какво влијание има врз останатите фудбалери. Ние, секој петок, кога ќе завршиме со вечерата, секогаш јадеме по нешто благо. Јадеме некаков колач од јаболка или јаболка со некаков фил, а понекогаш и некаков колач со чоколадо. Такво нешто не се случи изминатиот петок. Еден тимски колега ме праша што јаде Роналдо. Немам дилема дека тоа што го јаде Роналдо е можеби најздравото јадење во целиот свет. Јаде киноа, авокадо и неколку варени јајца, откри Грант.

Репрезентативецот на Португалија пред неколку месеци го прослави и 36-роденден, но и понатаму е во фантастична форма. Дуелот против Њукалс, кој беше прв негов откако се врати на „Олд Трафорд“, Роналдо постигна два погодока и беше најзаслужен за освоените три бода.

Затоа по натпреварот, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскер, изјави дека е невозможно да не му даде шанса на Роналдо да биде дел од почетниот состав.