Родени Скопјанки кои никогаш по заминувањето не се вратиле да живеат во македонската метропола

10396

Македонија е земја која е богата со голем број талентирани пејач(к)и и музичар(к)и. За волја на вистината, многумина од нив својата славна кариера ја имаат создадено на просторите на поранешна Југославија, објаснувајќи го тоа со игра на судбината, но и со горчина во гласот дека родната татковина не им ја даде вистинската шанса за да покажат дека се со – име и презиме.                                                                              Без разлика на тоа тие секогаш и се враќале на саканата Македонија, во родното Скопје, и преку песните испеани на македонски јазик, преку фестивалските настапи, но и со своите солистички концерти, тогаш најчесто во скопската “Универзална сала“. Ги издвоивме едни од највечатливите македонски пејачки натурализираните Белграѓанки и Загрепчанки.                                                                                          За жал, Љупка Димитровска и Уснија Реџепова се починати и ако Уснија по смртаа е погребана во Скопје. Само Маја Оџаклиевска и понатаму живее во српската метропола, но од пред некоја година официјално стана пензионерка откажувајќи се од естрадата.

Уснија Реџепова  беше мегапопуларна пејачка на српска, ромска, турска и македонска народна песна. Родена е во Скопје на 4 февруари 1946 година.           – Мајка ми Сабрија беше Турчинка, а татко ми Јашар Ром. Тој немаше деца со првата жена, па некоја година подоцна се оженил со мајка ми Сабрија, која беше вдовица која веќе имаше син и ќерка. Таа потоа роди уште четири деца меѓу кои и јас.  Живеевме во сиромаштија, се мачевме да преживееме, често бевме гладни, но сепак тоа е најубавиот период во мојот живот… знаеше често да каже Уснија, која важеше и за една од најзгодните ексјугословенски пејачки. – Во Скопје како девојче учествував во речиси сите секции на училиште. Имав другарки со кои ги организиравме забави и журки, бидејќи моите не ме пуштале самата да излегувам во град на корзо. Беа убедени дека едно девојче и ако стасано за тоа да има некоја своја прва љубов, нема што да бара на улица после 9 навечер…

Уснија Реџепова, потоа како возрасна девојка заминува за Белград бидејќи имаше огромна желба да направи огромна пејачката кариера. Во тоа и успеа, а од Белград во која стана музичка ѕвезда за време на својот живот, никогаш не се вратила во родното Скопје. Ниту имала волја за тоа! Белград ја освои на прв поглед, а и таа него со песните, интерпретациите, со самата харизматична појава како исклучително темпераментна скопска Ромка. Публиката ширум Југосославија ја освои преку хитовите: “Казуј крчмо Џеримо“ “Животе мој горак ли си био“,  „Зошто си ме мајко родила“. “Само песма зна“, “Пусто турско“, “Расуле се косе моје“, “Због тебе мори Лено“, “Аман момче бре“, “Око Ниша киша“….Често беше присутна и на музичките сцени во Македонија, а нејзиниот природно вроден јужњачки темперамент најмногу дојде до израз со улогата на Коштана, во белградското “Народно позориште“.

Својот приватен живот го поминала само со еден маж, со Светомир Шешиќ, долгогодишен уредник на музичката редакција на Првата програма на Радио Белград, во кој беше искрено вљубена се до својата смрт.  – Шеле беше човек на мојот живот кој ме направи емотивно смирена. Ме привлече неговата енергија. Во сите овие години брак никогаш не направил ниту една љубоморна сцена и ако многумина ми се додворуваа. Јас навистина немав потреба да гледам во други мажи. Со Шеле имав се.  Создадовме прекрасен дом, но за жал не можевме да имаме свои деца. Едноставно не ни успеа….

Уснија се разболе на својата 69 година од животот од рак на белите дробови. Почина на 1 октомври во тешки болки и ако се до последниот ден остана насмеана, комуникативна и полна со волја за живот. Погребана е на гробиштата “Бутел“ во Скопје на парцелата каде почиваат нејзините најблиски според муслиманските обичаи. Тоа била нејзината последна желба, иако остана „ приврзана за Белград, достоинствено беше испратена во Скопје“ од голем број пријатели, колеги и роднини меѓу кои секако и братот Решко и  снаата Емира.

Маја Оџаклиевска е пејачка на забавна музика, кој по заминувањето од Скопје во 1970 година останува за секогаш во Белград. Таму и се омажи и роди две ќерки. Но секој нејзин брак заврши со развод. Сепак, среќата и радоста ја следеа по естрадниот пат. Направи одлична кариреа и испеа песни кои и денес се слушаат: Многу солзи, Даљине, Романса од нама, Диду-лиду-ду, Шила, Кадену си ми дао, Во облак сонце, Сребрени улици, Не ме допирај, Хеј Антонио, Среќо кажи, Ќе биде се во ред….Родена е на 21 април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче со аудиција во тогашното Радио Скопје. Во Белград заминува како веќе позната пејачка и од таму никогаш не се врати во Македонија, и ако во текот на изминатите години пееше на македонски фестивали, но и на македонски избори за Песна на Евровизија.

Поканата од Белград и дојде од музичкиот Уредник  Радослав Грајиќ  да учествува во хит-емисијата „Максиметар“ со Драган Николиќ како водител. Маја потполно ги освои и публиката и жирито. Низ сите овие години соработувала со многу популарни композитори:  Александар Сања Илиќ, Корнелије Ковач, Григор Копров, Кире Костов, Раде Радивојевиќ….Денес е пензионерка, со српската пензија, се откажа од понатамошното професионално пеење. Голем број од нејзините обожаватели не можат тоа и понатаму да и простат….

Љупка Димитровска беше  најпопулрна пејачка Македонка, во Хрватска. Таму и се омажи и ја роди ќерката Ника.  Во Загреб за кусо време се стекна со голем број колеги-пријатели, кои често кај неа доаѓаа да ги вкусат вкусните македонски јадења. Љупка беше одлична домаќинка!                                                                                Но нејзиниот живот и нејзината успешна кариера се прекинаа кога таа почина на 3 октомври 2016 година. Беше во среќен брак со популарниот хит-мејкер композиторот Никица Калоѓера. Тој и напиша грст популарни песни кои се пееја со исто темпо и во други држави, а најчесто во тогашната Источна Германија. Ги памтиме нејзините хитови: Чибу-чиба, Ветување, Јас го сакам тој мене не, Адио љубен мој, Ќе се лути мојата мама, Чао нема веќе љубов, Нека свири хармоника, Ете така не е лесно, Маестрал, Твојот  мал чамец, победничката од Мак-фест Ѕвона ѕвонат и дуетските песни со загребскиот поп пејач Ивица Шерфези.

Инаку, родена е во Скопје на 25 јули 1946 година. Зад неа останаа и голем број фестивалски победи, златни грамофонски плочи, а ќе се памти и победата на “Купот на Европа“ (фестивал доста сличен на Песна на Евровизија), кога заедно со Тереза Кесовија и Миро Унгар представувајќи ја Југославија убедливо како тројка го освојиа првото место.

Љупка со песната „Чибу Чиба“ чиј автор е нејзиниот сопруг Калоѓера, во далечната 1970 година направи огромен успех во дури 23 европски земји. Некоја година подоцна со хитот “Адио љубен мој“ победи на фестивалот во Атина кога цел стадион пееше со Љупка.  Животот на Љупка беше исполнет со песната, радоста и патувањата. Беше препознатлива и по својата фризура со шишките кои ја чинеа да биде посебна. Но, смртта на нејзиниот сопруг Никица ја фрли во страшна депресија. Многу тешко го поднесе сето тоа, а потоа и смртта на родителите. Се разболе, а по кусо боледување, почина на 70-годишна возраст.  (Дуле Миќиќ/фото-ФБ)