Родена со срце кое чука надвор од градната шуплина: Тоа ја чини единствена/ФОТО

205
Фото: Instagram/virsaviya_art_heart

Пред 14 години Дари Борун ја родила Вирсавија, девојче чие срце не се наоѓа во градната шуплина, туку веднаш под кожата. Оваа состојба се нарекува Pentalogy of Cantrell и се јавува кај едно од милион новороденчиња.

Ова мало девојче се соочува со бројни предизвици од самото раѓање поради ретка состојба која го остави нејзиното срце незаштитено поради отсуството на градниот кош и стомачните мускули. За време на бременоста, лекарите ја предупредиле нејзината мајка Дари дека е малку веројатно Вирсавија да преживее, но и покрај сите прогнози успеала.

Фото: Instagram/virsaviya_art_heart

„Таа е навистина чудо и ја сакам таква каква што е. Таа е апсолутно уникатна. Таа е една во милион“, вели мајката на Вирсавија, пренесува Телеграф.

Дари неодамна објави фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“ на кои се гледа како изгледаат градите на Вирсавија. За да го заштити своето срце, ова мало девојче мора секогаш да носи мека облека и заштита на градите.

„Ја сакам ќерка ми таква каква што е. Така ја создал Господ, но не сакам оваа состојба да им се случи на другите деца ако може да се спречи. Ја поддржувам работата на истражувачите на NHLBI да продолжат да ја истражуваат оваа ретка состојба и можеби да најдат начин да ја излечат“, вели Дари.

Интересно е што оваа состојба не и предизвикува никаква болка и не и пречи на секојдневните активности. И покрај нејзината способност да се занимава со редовни активности, Вирсавија мора да биде исклучително внимателна да не ги повреди градите, бидејќи тоа може да претставува значителен ризик за нејзиното целосно незаштитено срце под површината на кожата.

Фото: Instagram/virsaviya_art_heart

„На Вирсавија не и е лесно да живее со срцето на надворешната страна на градите бидејќи е навистина изложено и кревко, бидејќи е веднаш под површината на кожата“, вели нејзината мајка.

Вирсавија до сега добиваше голема поддршка од обожавателите на „Инстаграм“, кои нејзината приказна ја нарекуваат вистинска инспирација.

„Моето срце е различно, но тоа ме прави целосно единствена и го сакам тоа. Прекрасно е да се види како родителите ги поддржуваат своите деца и ја препознаваат нивната уникатност и покрај разликите“, заклучила оваа храбра девојка, пренесува „Брајтсајд“.