Инвестициите во телеком индустријата придонесуваат за развојот на македонската економија

54

Премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на Берлин оствари средба со главниот извршен директор на „Дојче Телеком“, Тимотеус Хотгес. На средбата, на која присуствуваше и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком, се разговарало за постигнатите успеси и наредните планови на групацијата Дојче Телеком која во Република Македонија од 2001 година го зазема водечкото место меѓу националните телекомуникациски оператори преку Македонски Телеком кој има голем придонес во македонската економија.

– Компанија е пред сѐ двигател на дигитализацијата во општеството, и она што е препознатливо за истата е примената на нови технологии. На средбата е потенцирано дека минатата година била година на големи инвестиции, со коишто се овозможило проширување на оптичката мрежа во земјата, меѓу кои и воведување на 5Г технологијата од страна на Македонски Телеком, дел од групацијата на Дојче Телеком и се презентирани можностите за развој што ги нуди 5Г технологијата во многу сегменти од општествениот живот соопшти владината прес-служба.

Соговорниците ја истакнале важноста на Германија како земја која е голем поддржувач преку компаниите отворени во Северна Македонија. Било посочено дека соработката, како на државите, така и на компаниите, се гледа низ сè поголемото ниво на инвестиции и напредок на земјава.

– Во овој контекст Дојче Телеком изразија подготвеност за продолжување на инвестирањето во Македонија со конкретни големи инвестиции во дигиталната инфраструктура во земјата, се наведува во соопштението. Големите германски инвестиции како што е и Македонски Телеком освен за развој на економијата се и одлична шанса за поттикнување нови генерации на млади за работа во телекомуникацискиот сектор што е и неопходно – се наведува во соопштението.