Ракометниот тимот Бутел Скопје, реши да се раздели од петмина ракометари. Станува збор за организаторот на играта Горан Печенковски, кој четири сезони играше во Бутел, потоа левите бекови Едвин Омерагиќ и Христијан Милошески, голманот Златко Даскаловски и десниот бек Душан Трифковиќ.

Омерагиќ и Трифковиќ заминуваат во странство, Милошески веќе потпиша за Прилеп, а наскоро ќе бидат познати новите дестинации на искусните Даскаловски и Печенковски. Бутел претходно ги обнови договорите со Младеновски и Јевтиќ, додека нови ракометари се Денис Тот и Градимир Чаневски.