Утре стартува Првата ракометна лига, а овиот прволигаш, тимот на Алкалоид ќе го одигра првиот натпревар од 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против екипата на Металург РА.

Алкалоид стартува од Првата машка лига која годинава ќе биде исклучително силна бидејќи неколку тимови конкурираат за место во пле-офот, а за таа цел во своите состави имаат играчи кои имаат и суперлигашко искуство.

Боите на Алкалоид сезонава ќе ги бранат: ГОЛМАНИ: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски, БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески, КРИЛА: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски, ПИВОТИ: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски