Австрија одлучи:Невработените нема да добијат надомест доколку не сакаат да се вакцинираат

78

Австриската служба за вработување (АМС) одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

Невработените лица во Австрија нема да добијат надомест доколку не сакаат да се вакцинираат.

 Имено, АМС е на мислење дека невработените не можат да ја одбијат понудената работа доколку и е потребна вакцина против корона вирусот.

Иако во Австрија не постои општа обврска за вакцинација, сe повеќе компании бараат вакцинација против коронавирус од новите вработени.

Во Долна Австрија, на пример, обврската за вакцинација е во сила во сите провинциски служби од 1 септември. Ваквите правила сега имаат последици и за невработените.

Министерот за труд, Мартин Кочер, со указ и наложи на АМС да ги блокира надоместоците за невработеност за луѓето кои одбиваат вакцинација.

Во декретот се наведува дека невработените не можат да одбијат работа само затоа што вакцината е задолжителна, пренесува весникот „Стандард“.

Кој, како невакцинирано лице, одбива да аплицира за понудената работа или не ја прифати, може да го загуби надоместокот за невработеност во период до шест недели.

АМС, бидејќи не бара статус на вакцинација од невработени, ги блокира средствата само кога работодавачот ќе пријави зошто невработените не се вработиле.