Реконструирана градинката „Кукушка“

269

Општина Центар соопшти дека е извршена целосна реконструкција на објектот „Кукушка“, клон на градинката „13 Ноември“ и при тоа се овозможени нови и безбедни услови за престој на децата.

Оттаму, додаваат дека се обновени детските занимални, ходниците, поставен е комплетно нов еколошки ламинат и реконструирана е топловодната мрежа. Дополнително, реконструирана е фасадата на градинката и поставени се нови бехатон плочки во дворот на градинката.

Минатата година во градинките во Центар се спроведоа неколку активности за обезбедување подобри услови за децата.

Целосно се реконструирани занималните во објектот „Јасмин“ – клон на градинката „13 Ноември“ и опремување на просторот со нови дизајнирани шкафчиња и гумирани подлоги; реконструирани се објектите „Пепелашка“ и „Палешка“ – клонови на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ и целосно  е заменет стариот и оштетен под. Исто така, во соработка со „HIPP“ Македонија изведено е ново детско игралиште во објектот „Наум Наумовски Борче“ – клон на градинката „Кочо Рацин“, а поставени се нови гумирани подлоги на детските игралишта на пет локации во Центар.

-Како локална самоуправа продолжуваме да вложуваме во квалитетно предучилишно образование и најсовремени услови за престој во детските градинки на територијата на Центар, а оваа година започнуваме нова капитална инвестиција и изградба на нова детска градинка во населба Пролет-најавуваат од Општина Центар.