Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин е разочаран од неговата сегашна ситуација во која се наоѓа неговиот тим.

„Воините“ претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Оклахома со 120:92, иако во еден момент тимот губеше и со 42 разлика (112:70). Актуелниот вицешампион играше катастрофално во првото полувреме и замина на одмор со минус 33 поени.

  • Посакувам да игравме подобро. Но, реалноста е еб*но ужасна. Се надевам дека ќе се подобриме. Ќе продолжиме да работиме, но во овој момент не делуваме добро. Не знам како поинаку да ви објаснам, можам да се обидам на шпански, но не го знам јазикот, искоментира Грин.

И тренерот Стив Кер е свесен за проблемот со кој се соочува Голден Стејт.

  • Не е лесно. Знаеме што правевме во последните пет години. Исто така знаеме како ги остварувавме тие резултати, имавме талентирани кошаркари, момци кои ја разбираат играта. Сега треба да воведеме млади играчи, да им помогнеме да продолжат напред и повторно да започнеме да победуваме, објасни Кер.

„Воините“ го претрпеа и вториот пораз сезонава во исто толку натпревари, откако претходно загубија од Лос Анџелес Клиперс со 122:141.

Во преостанатите натпревари, Мемфис беше подобар од Бруклин со 134:133 по продолжение, Далас загуби пред своите гледачи од Портланд со 119:121, Минесота го доби Мајами со 116:109, додека ЛА Лејкерс триумфираше над Шарлот со 120:101.