„Рајанер“ со голема загуба и со 80 отсто помалку патници од лани

28

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ која обично остварува најголемиот дел од својот годишен профит во периодот од шест месеци до крајот на септември, а оваа година поради пандемијата превезе 80 проценти помалку патници отколку истиот период лани. Од компанијата соопштуваат дека поради корона криза најверојатно ќе бидат принудени да го намалат капацитетот и следното лето.

Извршниот директор Мајкл О’Лири веќе ја „отпиша“ претстојната зима и компанијата во извештајот објавен денес, и не објави проценка на резултатите за тековната деловна година што завршува во март.

Од компанијата посочуваат дека очекуваат поголема загуба во периодот од октомври до март отколку во првата половина од годината.