Рациновото признание за 2021 година го доби писателот Милован Стефановски за романот „Теорија за кучешка година“. Наградата ќе му биде врачена во рамките на претстојните 58. Рацинови средби кои ќе се одржат од петок до недела во Велес. Добитникот беше избран во најсилна конкуренција досега меѓу 27 прозни дела од 26 автори издадени меѓу две Рацинови средби.

Жирито во состав Христо Петрески (претседател) и членовите Стефан Марковски и Делвина Крлуку, од пристигнатите на конкурсот избрале девет дела, од кои  едногласно одлучиле престижната награда да му се додели на Милован Стефановски.

Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на жирито Петрески, новиот роман „Теорија за кучешка година“ е шести по ред роман на авторот во кој се определува за исповедна наративна стратегија.

Романот е компониран според драмски урнек и поседува проложен, исповеден и завршен дел. Во овој невообичаен по многу нешта роман е сместен еден човечки живот преку врамување на спомените од заедничките и личните судбински нешта.

„Во својот најнов краток роман писателот Милован Стефановски одбира преку своевидно монолошко обраќање на син кон татко на индиректен начин на читателот да му ја пренесе целата приказна без притоа да се приведе ниту едно лично име, ниту конкретна локација или топоним, ниту пак временска одредница за тоа кога се случува дејството. Веруваме и се надеваме дека овој роман ќе заземе соодветно место во македонската романескна продукција со својата оригиналност, специфичност и полифоничност“, потенцира Петрески.

Добитникот, 69 годишниот Милован Стефановски во изјавата за медиумите потенцира дека му претставува голема чест добивањето на ова значајно Рациново признание од повеќе причини, а најголемата и најважната е што токму признанието што се доделува на оваа манифестација што го носи името на големиот Рацин.

„Коста Апостолов Солев Рацин за припадниците на мојата генерација, a роден сум 1952 година, претставуваше еден вид книжевна икона која искрено и со голема почит ја примавме особено вљубениците во пишаниот збор“, потенцира Стефановски.

Воедно појасни дека тој по двата родитела потекнува од Кичево, а во околината на Кичево е и Лопушник каде што местото на погибјето на Рацин и тоа влијаело за негов посебен однос кон Рацин. Истакна дека во неговата прва книжевна објава во 1978 година поетската книга „Ѕид пред бескрајот“ со којашто дебитирал во македонската книжевност поместена е и една песна со наслов „Лопушник“ посветена на Кочо Рацин. Тој потсети дека токму со оваа негова прва поетска книга во 1978 година, со само 26 години го понел и големото признание наградата „Брака Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Додаде дека тоа тогаш било големо изненадување, млад автор со дебитантска книга да добие толку големо и високо признание во период кога светскиот фестивал на поезијата Струшките вечери на поезијата бил многу значен не само во македонски рамки, не само во југословенски туку и во светски рамки, во вистинска смисла на зборот.

„Со најновото мое книжевно дело речиси со рамносилна возбуда на тогашната ја примив веста дека токму ‘Теорија за кучешката година’ е добитник на значајното Рациново признание“, потенцира Стефановски.

Aла Генадјевна Шешкин-добитник на Почесното Рациново признание за 2021

Добитничка на Почесното Рациново признание за 2021 година, пак, е Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист. Престижната награда ја добива за нејзината промоција на македонскиот јазик, книжевност и литература, како редовен професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“.

„Наградата ќе се додели во рамки на претстојните 58. Рацинови средби, а добитничката поради ковид пандемијата, нема лично да присуствува, но на затворањето ќе биде пуштено видео обраќање“, информира денеска градоначалникот Аце Коцевски кој е и претседател на Организацискиот одбор на Рациновите средби.

Ала Шешкен е родена на 30 март 1952 година во Белорусија, во учителско семејство, чиј татко повеќе од 50 години работел како учител. По завршувањето на гимназијата во 1969 година се запишува на Филолошкиот факултет на Санкт Петербуршкиот државен универзитет на одделението по славистика (српски јазик и литаратура). Следната година се префрла на Филолошкиот факултет во Белград, како стипендистка на руската Влада. Дипломира во Белград во 1974 година со просек на дипломски испит 9,5. Во 1975-1978 година станува постдипломец на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот Ломоносов. Се вработува на Филолошкиот факултет во 1979 година и почнува да предава македонска литература на Катедрата за славистика. Потоа работи во научно-истражувачко тело на факултетот „Руска литература во сов ремениот свет. Од 2001 година е избрана за доцент, а во 2012 година и за редовен професор на Катедрата за славистика. Докторира на тезата „Македонска литература во 20 –иот век и оваа тема е прв докторски труд од областа на македонската литература во Русија. Освен што предава на македонски јазик таа држи и курсеви по историја на македонската литература, книжевна критика и култура на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет. Автор е на повеќе од 200 научни трудови од областа на македонистиката и славистиката објавени во Русија и во други држави, меѓу кои и пет монографии за македонската литература. Редовен учесник е на Меѓународниот семинар за македонски jазик, литература и култура и на Меѓународната научната конференциjа што се одржува во рамки на Меѓународниот семинарПотписник е и на сериjа статии посветени на поезиjата на Блаже Конески и Кочо Рацин обjавени во академските и високошколските списаниjа во Руcиjа и Северна МакедониjаЧлен е на МАНУ од 2006. (од надворешен состав). Македонската академиjа на науките и уметностите и го додели меѓународно признание Блаже Конески“ за посебен придонес во проучувањето и афирмациjата на македонската литература и македонскиот jазик во 2015 година.

Интересен факт е што годинашната добитничка на Почеснито Рациново признание и годинашниот добитник на Рациновото признание Милован Стефановски се на возраст од 69 години.