Распишан Kонкурсот за наградата за животно дело „Петре Прличко“

102

Oпштина Велес во соработка со ЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ го распиша традиционалниот конкурс за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ со рок за пријавување до ноември.

Предлози за кандидати може да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност. Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија, а приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.

На конкурсот се доделува една награда која се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел од 30 илјади денари. Добитникот ќе го избере стручна комисија од три члена. Комисијата ќе ги објави резултатите најдоцна пет дена по истекот на рокот на конкурсот.

Наградата се доделува по повод Денот на Општината 9 Ноември и свечено ќе биде врачена во Велешкиот театар. Во чест на добитникот актерите од театарот ќе настапат со претстава од својот репертоар.

Актерската наградата за животно дело „Петре Прличко“ во чест на бардот на македонското глумиште, велешанецот Петре Прличко, е востановена во 2006 година. Прв добитник беше актерот Благоја Спирковски-Џумерко, а по него и Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов-Дац, Александар Ѓорѓиев, Милица Стојанова, Кирил Гравчев, Младен Крстевски и Диме Илиев.