Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски, почна со тренинзите пред борбата за бараж за Светското првенство кое во 2021 година ќе се игра во Шпанија.

Македонската метропола ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, а Симовски на располагање за овој турнир ќе ги има на располагање сите ракометарки ккои беа повикани. Тој на тренинзите ќе има на располагање 20 ракометарки, но пред почетокот на турнирот ќе мора да одбере само 16 имиња.

Македонија ќе ги почне натпреварите на 19 март против Исланд (17:45 часот), а потоа следат натпревари со Литванија (20 март, 17:45 часот) и Грција (21 март, 17:45 часот). Првата и втората репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот.