Разликите се непремостливи: Хороскопски двојки чија врска е осудена на пропаст

581

Некои претставници на Зодијакот се толку различни, што никако не би опстоиле во љубовна врска.

Како што според Зодијакот има двојки кои се особено добра комбинација за љубов, така, тврдат астролозите, има и двојки во другата крајност, чија врска е осудена на пропаст.

Некои претставници на астролошките знаци воопшто не си одговараат поради разликите во светогледите и различните животни филозофии. Дури и да има страст и привлечност на почетокот, долгорочната врска е неодржлива.

1. Овен и Скорпија

Овенот и Скорпијата се управувани од богот на војната и акцијата – Марс. Ако се сакаат, се сакаат насилно и бескомпромисно, со многу страст. Иако имаат заеднички владетел-планета, претставниците на овие знаци се премногу различни за да преживеат на долг рок.

Овенот е поспонтан, лесно „зоврива“ и експлодира, а неговата искреност во тие моменти знае да биде неподнослива. За разлика од него, отровната Скорпија чека прилика да возврати, но на подмолен и непријатен начин, што Овенот одбива да го толерира.

2. Близнаци и Јарец

На почетокот, тие можат да бидат интересни еден за друг. Но, како одминува времето, тие почнуваат да меѓусебно да се нервираат до тој степен што врската станува обострано неподнослива. Јарецот посветува многу внимание на планирањето, прецизноста и редот, а Близнаците се спонтани, разиграни, со избрзани реакции и честопати многу неодговорни.

Во оваа релација, никој не е во состојба да го усвои системот на вредности на другиот, па по некое време „раскинувањето“ на врската е неизбежно.

3. Рак и Водолија

Ракот е длабоко емотивен и има потреба да се чувствува безбедно и заштитено, додека Водолијата е посветена на целиот свет. Ракот себично бара време и внимание од Водолијата, а тоа неа почнува да ја нервира, бидејќи има други приоритети.

Во оваа ситуација Ракот ќе биде повредениот, а Водолиите ќе бидат збунети. Ракот ќе се повлече во себе, а Водолијата тоа ќе го гледа како јасен знак дека треба да ја напушти таа врска.

4. Девица и Стрелец

Стрелецот сака да го прави она што му одговара во тој момент, без да прави јасен план. Тој има тенденција да ги запоставува обврските и да ги подреди на своето уживање. Девицата е сосем спротивното на сето ова, кај неа сѐ е јасно испланирано, а обврските се пред сѐ.

Таа е шокирана од каприците и авантурите на Стрелецот; ќе даде сѐ од себе да го заузда, а тоа тој ќе го сфати како „гушење“ и воспоставување контрола врз неговата слобода. Во таа ситуација единствено што е загарантирано е паузата, поради непремостливите разлики.