Од ноември Куба ги отвора границите за странци

48

Куба следниот месец ќе ги отвори границите и ќе ги олесни условите за влез во земјата, откако повеќето Кубанци се вакцинирани со домашни вакцини против коронавирусот.

Ова значи дека земјата повторно ќе прима туристи што ќе бидат шанса за закрепнување на туристичката индустрија која е во криза.

За да влезат во земјата, Куба од 15 ноември ќе бара од посетителите да покажат доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест.