Пуштена во употреба улица „14“ во Бошњачка населба

35

Во населеното место Бошњачка населба во општина Петровец е пуштена во употреба улица „14“, со двата нејзини крака кои се целосно асфалтирани.

Како што информираат од Општина Петровец, вкупната должина на асфалтираните улици изнесува 510 метри.

На средбата со жителите од тој дел од Петровец, покрај градоначалникот Борче Митевски, присуствувале и пратеничката Марија Петрушевска, советникот од Советот на Општина Петровец Шеќо Личина, како и други гости.

– На градоначалникот Митевски му беше доделена благодарница за целосно и успешно завршената работа на улица „14“ и за сè што е сторено досега за да се подобри животот на жителите од оваа населба, велат Општина Петровец.