Али дојде во Собрание да ја спаси струјата

217

Обрач од десетина пратеници се собра околу лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој денес дојде во Собранието за да донесе кворум на собраниската седница. Првиот интегративец е ретко виден „гостин„ во македонското Собрание , иако е пратеник во неколку собраниски состави. Ахмети од партиските колеги  беше пречкан со овации и воодушевување, а секој од пратениците од неговата пратеничка група сакаше да поразговара со него.

На дневен ред на денешната собраниската седница беше предлог одлуката за нови шест месеци кризна состојба во енергетиката. Предлогот се разгледуваше и на седницата на Комисијата за одбрана. По неа, за кризните состојби со струјата и греењето во Скопје треба да расправа и Законодавно-правната комисија, за да може наредната недела да се гласа на пленарна седница.

За продолжување на кризната состојба треба да се гласа најдоцна до среда – 28 септември. Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба во периодот од 1 октомври до 30 април.