ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампиони

53

Најскапиот играч во фудбалската историја, Бразилецот Неимар, е убеден дека неговиот тим, ПСЖ, ќе го освои трофејот во годинашното издание на Лигата на шампиони.

Моментално, крилниот напаѓач се рехабилитира од незгодната повреда на стапалото, поради која мора да мирува десет недели. Неимар го пропушти првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампиони против екипата на Манчестер Јунајтед, кој заврши со сигурен триумф на “светците” од 2:0, а нема да биде во комбинација и за реванш дуелот во Париз.

  • ПСЖ ќе го освои трофејот во Лигата на шампиони. ПСЖ не сум само јас. Имаме одличен тим со големи играчи и генијален тренер. Исто така и навивачите – тие се нашиот 12-ти играч, кога играме во Париз. Немам сомнежи дека сега ќе бидеме шампиони, а и за тоа ќе играме, изјави Неимар.

Репрезентативецот на Бразил додаде дека му е многу тешко што е надвор од теренот.

  • Веќе почнавме со рехабилитацијата. Ќе трае долго време, но правам мали чекори кон целосно заздравување секој ден. Фала му на Бога, дека имам големи професионалци околу себе. Играм фудбал откако знам за себе. Во 2018-та беше истата ситуација, но ова искуство ме направи посилен и поподготвен за она што претстои, додаде Неимар.