Ливерпул фаворит за Вернер

69

Европскиот клупски вицешампион, тимот на Ливерпул, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на најдобриот играч во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

Репрезентативецот на Германија со месеци е поврзуван со Баерн (М), но баварскиот гигант се уште нема испратено официјална понуда за неговите услуги. Според раководните лица на РБ Лајпциг, брзоногиот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. евра.