Пронајдени 200 прехранбени производи и 600 килограми храна со изминат рок во магацин во Кумановско

31

Полицијата во камион на арачиновец пронашла 200 килограми прехранбени производи со изминат рок на траење, а уште 600 килограми на храна со изминат рок но и амбалажа за пакување пронашла во магацин во кумановско, да каде арачиновецот ја набавил робата.

При контролата во магацинот на улица „Индустриска“ во Куманово, сопственикот жител на Романовце, признал дека робата била негова.

-Пронајдената стока, од агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштуваат од МВР.