На Баерн оваа сезона не му оди најдобро во Евролигата, а лошата форма продолжи со поразот од Валенсија 82:73, по што Андреа Тринкиери даде брутално искрен коментар за изданието на својот тим.

  • Би рекол дека нашата одбрана еден на еден беше блиску до порнографија, тоа е нешто што не го очекував. Сè стана многу комплицирано во тие моменти. Имавме лабави топки, бевме бавни… Не може така да се игра кошарка – изјави Тринчиери по натпреварот.