ПРОМОТИВНОВО:НЛБ БАНКА, ДЕПОЗИТИ СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ

75

НЛБ Банка од денеска, 15 септември, воведува нова, конкурентна промотивна понуда за депозити со атрактивни каматни стапки, дизајнирана за сите оние што сакаат да го максимизираат растот на своите средства.

Промоцијата, која се однесува на новосклучени договори за штедење, е со важност до крајот на октомври и нуди супердепозитни продукти со фиксни каматни стапки, и тоа: за депозитите во денари – каматни стапки до 3,5% и за депозитите во евра –  каматни стапки до 2,5%, со рок на орочување до 36 месеци.

Со оваа промотивна понуда, НЛБ Банка им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски аспирации, нудејќи им конкурентни каматни стапки и сигурност на нивните влогови.

Отворањето депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите може да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим финансиски експерти, кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за депозит.