Продолжува поддршката на граѓаните преку мобилните тимови

45

Црвениот крст на Град Скопје во соработка со петте Општински организации на Црвениот крст од Карпош, Центар, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир продолжува со поддршка на граѓаните преку мобилните тимови на територијата на главниот град.

– Мобилните тимови се активни секој работен ден, а нивната задача е да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и стите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители, лица во самоизлоација, лица позитивни на Ковид-19 и други ранливи категории на граѓани на целата територија на земјата, за тие да нема потреба да ги напуштаат своите домови, со што ќе се спречи ширењето на корона вирусот. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните ги плаќаат само артиклите или лековите што им се набавуваат- соопштуваат од Црвен крст.

Граѓаните може да се јавуваат секој ден од 8:30 до 12:30 часот во општинските организации на територијата каде живеат за да договорат со администраторите од Црвениот крст за набавката која треба да се изврши.

Од Црвениот крст ги потсетуваат граѓаните дека уште од месец март се отворени  и СОС линиите на кои може да се добие психо-социјална поддршка.