Продаден најголемиот конгресен центар од поранешна СФРЈ за 17,5 милиони евра

57

Најголемиот конгресен центар на просторите на поранешна СФРЈ, денес беше продаден на компанијата Делта Холдинг, сопственост на извесен Мирослав Мишковиќ, за 17,5 милиони евра.

Делта холдинг за Б92.нет потврди дека денес е потпишана изјава за прифаќање на целосната цена за центарот Сава.

Продажбата на најголемиот конгресен центар во Србија – Сава Центар, беше извршена денеска преку јавен тендер, пренесуваат медиумите. Ова беше трет обид за продажба на овој симбол на Белград.

Според условите на тендерот, во рок од пет години, купувачот треба да вложи најмалку 50 милиони евра во адаптација и реконструкција на конгресниот комплекс, кој се наоѓа на скоро три хектари градежно земјиште.

Купувачот има обврска да не ја менува намената на Сава центарот .