Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2019 година

261

Градот Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“, и годинава ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”.

Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Александар Богоевски, помошник раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје. Според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.

– Месец на трговијата е проект преку кој може да видиме како напредувале работите со текот на времето и што ги прави најдобри трговците. И оваа година секој од трговците има пристап до резултатите и извештајот од истражувањето, се со цел постигнување на високи резултати во сите категории, како и задржување на потрошувачите, бидејќи секој е потенцијален потрошувач – рече Богоевски. 

Град Скопје преку Програмата за заштита на потрошувачите има за цел и подигање на нивото на нивната заштита, во чии рамки ја поддржува и активноста – Доделување сертификат „Фер со потрошувачот”, како потреба од поблиска соработка меѓу локалните власти, деловниот  сектор, граѓанските организации и граѓаните /потрошувачите.

– Земајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, генерално и годинава е повисок резултатот од лани, но и дека константно веќе 4 години има пораст на вкупниот резултатот – истакна Богоевски.

Во тек е планирање на проектот и за наредната година кога ќе бидат изготвени и поединечни извештаи за сите трговски субјекти, со цел да ги согледаат постигнатите резултати и во кој дел треба да се подобрат.