Пристигнаа фрижидерите за чување, првите вакцини ќе стигнат идниот месец – објави Филипче

69

Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер. За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вакцини против Ковид 19, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Сите дози резервирани вакцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вакцинација и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираат. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на Фајзер и Ковакс механизмот, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.