Приведен осомничен дилер од Кичево, при претрес пронајдена марихуана

31

МВР информира дека вчера во 10.50 часот полициски службеници од кичевското ОВР во Кичево го лишиле од слобода кичевецот З.С. (30).

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, соопштуваат од полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.