По повод Денот на канадскиот филм – Амбасадата на Канада и Кинотеката на РС Македонија организираат премиерна проекција на канадскиот филм “Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс со: Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм.

По две години онлајн-презентации, деветото издание на Денот на канадскиот филм, организирано од REEL CANADA, ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји во светот вклучувајќи ја и Македонија.

Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видеообраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година. Фокусот за 2022: „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „ИмагинеНАТИВЕ филм“ и „Медија артс фестивал“, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации во Канада.

“Трчај, жено, трчај“ е магичен антиром ком за Бек (Хеберт), ожалостена самохрана мајка, која ја изгубила страста за животот, и нејзиниот мохаве-јазик, по смртта на нејзината мајка. Бек завршува во болница, каде што се буди од дијабетична кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена, Бек мора да ги придобие. Конечно, го послушува својот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно – учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка им оддава почит на земјата и на нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи мајчиниот јазик.

Настанот ќе се одржи во Кинотеката на РС Македонија: ул. Никола Русински 1, Скопје – на 4 мај, 2022, во 20 часот.