Прво од устата на премиерот: Заев почна да го користи името Република Северна Македонија

59

На денешното прво обраќање пред јавноста на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, откако синоќа во Собранието беа изгласани уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, со кои меѓудругото се менува името на Македонија во Република Северна Македонија, тој во повеќе наврати го употреби „новото“ име, иако уште не е стапен во сила Договорот, кој треба да се ратификува и во грчкиот Парламент.

На новинарското прашање зошто го користи, Заев одговори дека тоа го прави за да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонското Собрание.

„Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години, е опишано детално. Но дефинитивно, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја“, истакна Заев