Првиот телефон кој се мие со сапун и избелувач/ВИДЕО

189
Фото: Twitter

Технолошката компанија од Рединг, Bullitt, го претстави првиот антибактериски телефон на светот – CAT S42. Основниот модел може да се купи за околу 250 евра, додека верзијата со технологија Biomaster ќе биде достапна следната година.

Производителот планира да ја претстави антибактериската опција и на други уреди – S52 (400 евра) и S62 (650 евра).

Моделите опремени со дополнителна антимикробна технологија, сепак, нема да бидат достапни до почетокот на 2021 година.

Телефонот, кој ќе има антибактериски систем, ќе се бори против ширењето на бактериите благодарение на сребрените јони вградени во материјалите од кои е направен.

Иако ваквите јони не ги неутрализираат активно бактериите или вирусите, вклучително и коронавирусот, тие го запираат ширењето и размножувањето на патогените микроорганизми, тврдат оние кои го започнаа „biomaster“.

Ефектот се постигнува благодарение на сребрените јони вградени во материјалот, за време на производството, пишува Дејли Меил

Производителите додаваат дека уредот е целосно водоотпорен и дека треба редовно да се мие со вода и сапун, средства за дезинфекција, па дури и белило за да се одржи чист.

Куќиштето е изработено од непробојно стакло и нерѓосувачки челик и не било оштетено дури и откако паднало на челик од висина од 1,8 метри, а по тестовите немало забележителни траги од нечистотија што останале на него.

Bullitt тврди дека технологијата biomaster ја намалува количината на бактерии за 80 проценти во рок од 15 минути, како и 99 проценти во период од 24 часа.

Издржлив и отпорен

Телефонот има 5,5-инчен дисплеј, заштитно стакло Corning Gorilla 5S, а се напојува со чипсет MediaTech Helio A20.

Има 3 GB RAM и 32 GB меморија.

Отпорен е на вода (длабочина до 1,5 метри), како и на удари и падови, благодарение на куќиштето од не’рѓосувачки челик.