Ракометарите на Вардар вторпат се поразени од Киелце во Лигата на шампионите, овој пат на гостински терен со 36:29 (18:12)

„Вардарци“ беа рамноправен противник само првите дваесет минути од натпреварот кога резултатот беше во егал, но потоа полскиот шампион почна да се одлепува и до крајот на полувремето направи предност од шест гола 18:12.

„Црвено – црните“ ниту во второто полувреме не успеаја да ја анулираат негативата. Одиграа со многи грешки во нападот, а воопшто не функционираше и одбраната. Ваквата игра на вардарци им овозможи на Полјаците да ја задржат високата предност и да извојуваат конечна победа од 36:29.

Ова е трет пораз за Вардар во петтиот натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во македонскиот тим на овој натпреварот беше Дибиров со 7 гола, еден помалку постигна Ловро Јотиќ. Во победничкиот тим со по 7 гола се истакнаа Алекс Душебаев и Морито.