Прва ликовна колонија во Домот на млади во Штип

89

Во Домот на млади во Штип почна првата ликовна колонија насловена „Колонија на различностите“, која е резултат на соработката на младиот Христијан Митевски и Домот на млади, со поддршка на Министерството за култура.

Учествуваат 30 млади, а целта на тридневната колонија е, како што посочува директорот на домот, Горан Трајков да се спроведуваат активности за инклузија и надминување на стереотипите.

Ќе заврши утре во 18 часот со изложба на сите цртежи што ќе ги изработат младите учесници.

– Станува збор за прва ликовна колонија организирана од Домот на млади. Таа ги опфаќа различностите, посебностите, вештините, хуманоста, солидарноста, заедништвото и идеите на заедницата кои можат една општина да ја направат интересно место во кое ќе сакаат да живеат, да работат, да творат – изјави Трајков.