Затворен за сообраќај крак на улицата „Христо Татарчев“

105

Поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска па во наредните 10 дена комплетно е затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев“.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од „Енергосистем“ до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на „Енергосистем“).