Нико Хулкенберг оваа сезона на кратко се врати во Формула 1 и тоа како возач на Рејсинг Поинт каде на две трки го менуваше Серхио Перез. Сепак, тој не е импресиониран од дадената шанса, па затоа, во наредната сезона најверојатно ќе се најде во некоја друга улога во Формула 1.

  • Не се гледам премногу во позиција на резервен возач. Бев во болидот десет години, така што нема да прифатам да останам резервен возач, едноставно не сакам да паѓам во кариерата. Тоа не е патот по кој сакам да одам. Зборував со неколку тимови од почетокот на годината. Планирањето за иднината е голем процес, истакна Хулкенберг за германските медиуми.

Инаку, она што привлече поголемо внимание кај спортската јавност е изјавата на Хулкенберг во која вели дека транзицијата на возачот во Формула 2, Мик Шумахер во Формула 1 е неизбежна.

  • Mислам дека настапот на Мик во Формула 1 е прашање на време. Порано се тркав со Михаел, а сега би сакал да се натпреварувам со неговиот син, изјави Хулкенберг.

Напредокот на Шумахер јуниор го следи и раководството на Ферари. Според Матија Биното, преминувањето во Ф1 во 2021 година ќе биде „логичен чекор“.

  • Почнувањето во мал Ф1 тим ќе биде логичен чекор за Мик Шумахер во 2021 година, смета Биното.

Во исто време, поранешниот пилот на Ф1 и двократен победник на 24 часа на Ле Ман, Јирки Јeрвилехто, забележува дека германскиот возач сè уште не покажал извонредни резултати.

  • Несомнено, во моментот, Роберт Шварцман е посилен. Шумахер има име, но тој допрва треба да го достигне нивото што луѓето го очекуваат, додаде Јервилехто.

Во Формула 2 водат возачите на Академијата Ферари, Калум Илот ја зазема првата позиција, Шварцман – втората, додека Шумахер со 42 бода е зад лидерот и е на петтата позиција.