Празна дупка на мапите на „Гугл“: За Германија и Австрија приватноста е светиња

252

Ако кликнете на иконата „pegman” на мапата на „Гугл“, ќе се појави интересна слика – цела Европа е прекриена со сини линии кои индицираат дека апликацијата е достапна, но Германија и Австрија се речиси сосема празни.

Кога од „Гугл“ се обиделе да ги снимаат германските улици, Германците буквално полуделе, а имало и неколку инциденти во кои биле искршени возилата и камерите на компанијата. Се поставува прашањето дали историските причини се доволни за недоверливоста кај Германците кон нив и дали „Гугл“ е лош како Гестапо или Штази, но генералниот став е дека “Google Street View” не е добредојден.

Од своето лансирање во 2007 година, „Гуглмап“ сними милиони километри улици низ светот, па дури и во вселената и океанот, но во Германија нема пристап. Ако кликнете на иконата „pegman” на мапата на „Гугл“, ќе се појави интересна слика – цела Европа е прекриена со сини линии кои индицираат дека апликацијата е достапна, но Германија и Австрија се речиси сосема празни.

Има неколку можни причини за тоа, а една од нив е тоа што Германците се славно љубоморни на својата приватност, а тоа е став кој го делат со своите културолошко блиски соседи – Австријците.

Германците се екстремно посесивни околу своите лични податоци и нив ги шокира спремноста на другите жители во светот да ги делат своите имиња, адреси, листа на пријатели и онлајн историјата на пребарување.

Според истражувањето објавено во магазинот „Harvard Business Review”, еден просечен Германец е спремен да плати до 184 долари за да ги заштити своите здравствени податоци. Од друга страна, тоа за просечниот Британец вреди максимално 54 долари, а за Кинезите тој трошок може да биде и едноцифрен.

Причината е траума од дури два тоталитарни режими над своите глави во своето неодамнешно минато – Третиот рајх и комунистичката Источна Германија. И двата режими барале тотална контрола над своите граѓани, а во годините на нацизмот, најважниот инструмент на државата била тајната полиција Гестапо, додека во Источна Германија царувала Штази. Како и кај многу други аспекти на нацистичкото владеење, повоената Германија применила „ни видер” (никогаш повеќе) политика, кога е во прашање кршењето на приватноста.

Тоа е една од причините зашто првиот член од тогаш уште само западен германски повоен Устав вели: „Човековото достоинство ќе биде неприкосновено. Неговата почит и заштита е должност на сите државни тела”.