Гимараеш прави проблеми

75

Ако им се верува на британските медиуми тогаш бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Бруно Гимараеш, планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Истите медиуми тврдат дека одличниот играч за врска ја разгледува опцијата за промена на средината затоа што сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони.