По четиригодишна пауза:Во Јапонија беше одржан традиционалниот фестивал на бебиња што плачат/ВИДЕО

82
Фото:Screenshoot No Comment TV/Euronews

Неколку десетици расплакани бебиња денеска се соочија едно со друго во традиционалниот јапонски ритуал „сумо плач“ за кој се верува дека им носи добро здравје на децата.

Фестивалот се одржа за прв пат по четиригодишна пауза поради пандемијата на корона вирусот.

Во придружба на нивните родители, бебињата, кои носеа традиционални церемонијални престилки за сумо борење, се натпреваруваа во храмот Сенсоџи во Токио, пренесе Гардијан.

Во тој ритуал не станува збор за напуштање на арената. Победникот е оној кој прв плаче.

За да ги охрабрат, возрасните шетаат околу нив носејќи демонски маски, надевајќи се дека ќе ги исплашат.

Можеме да откриеме колку е здраво бебето слушајќи го неговиот плач“, изјави Хисае Ватанабе, мајката на осуммесечното бебе.

„Денес моето бебе можеби е нервозно и не плаче многу, но сакам да го слушнам нејзиниот здрав плач“, рече таа.

Ритуалот се одржува во храмовите низ Јапонија и привлекува голем број гледачи.