По силнa експлозија, денеска избувна голем пожар откако пукна нафтовод во западна Украина/видео

107
Фото:принтскрин/Твитер@baseballscienc1

Голем пожар избувна денеска по пукање на нафтовод во западна Украина, при што три лица се повредени, соопшти итната помош.

„Денеска во 17:00 часот (по локално време), во близина на селото Стримба, во областа Надвирна, пукна нафтовод (со дијаметар од 150 милиметри), соопшти Националната служба за вонредни состојби на Украина, додавајќи дека нафтата се излеа на површина од 100 метри квадратни.

Од засега непознати причини на лице место избувнал пожар, а локалните медиуми јавуваат дека имало силна експлозија.

Сликите објавени на социјалните мрежи, чија автентичност не можеше да ја потврди Франс прес, покажуваат густи облаци од црн чад над нешто што изгледа како село.

На лице место се распоредени спасувачи“, соопштија од службата.

Местото на пожарот се наоѓа на неколку стотици километри од првата борбена линија со руските сили, во источниот дел на Украина.