Вистинско диетално чудо: Чудесна супа од само две состојки „ќе ве стопи“ лесно и брзо

85

Доколку сте решиле да ги изгубите вишокот килограми, тогаш супата од праз е одличен избор. Супата, која е вистинско диетално чудо, се прави брзо и лесно. Се што ви треба е праз и вода

Како и чаевите за детоксикација, супата треба да се пие за време на викендот, кога сте дома, бидејќи празот освен што е полн со хранливи материи, има и благо диуретискоо дејство. Најдобро од сè е тоа што не само што се подготвува брзо и лесно, туку бара само две состојки.

Состојки за едно лице:

  • 1 килограм праз
  • Вода

Подготовка:

Добро исчистете го празот – за супата се користи само белиот дел од празот, а останатиот зелениот, може да се користи за други намени.

Крупно исечкајте го празот, ставете го во поголемо тенџере и прелијте го со вода. Почекајте да зоврие, па поместете го капакот и варете половина час. Истурете во шишиња.

Во зависност од вкусот, можете да ја кјонсумирате разладена или на собна температура. Консумирајте по една чаша на секои два часа.

Варениот праз може да биде и идеален детоксикациски оброк: зачинете го со малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер и малку магдонос.