Почнува постапката за прераспределба на рамковните административци

45

Вицепремиерот Артан Груби очекува 1.349 рамковни административци да почнат со работа од 1 февруари, откако почна постапката за нивна распределба во 237 институции.

Службениците нема да имаат опција да бираат во која институција ќе работат, согласно планот што го усвои Владата.

Најголем број од наведените службеници се економисти и правници, додека има вработени и со средно образование. Институциите што ќе ги примат се должни да ги обучат за работа, според најавите.

Груби најави дека во МВР ќе бидат прераспределени 134 службеници, во Агенција за вработување – 20, Агенција за заштита на лични податоци – 30, Агенција за катастар – 39, Агенција за храна и ветеринарство – 10, Влада – Служба за општи и зааеднишки работи – 12, Дирекција за заштита и спасување – 10, Државен архив – 12, Државен инспекторат за труд – 13, Државен пазарен инспекторат – 35, Министерство за информатичко општество – 11, Министерство за надворешни работи – 26, Министерство за образование – 11, Управа за водење на матични книги – 41, Царинска управа – 74, Освен суд – Тетово – 10, Основно јавно обвинителство – Тетово – 10.