Почна снимањето на филмот „Емил, врати се“ на Илија Павлов

145

Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов, насловен „Емил, врати се“ почна денеска во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“.

Според режисерот, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел да се остави еден специфичен печат на градот.

Во филмот улогите ги толкуваат: Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски.

Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој тој е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.