Почна изградбата на нов паркинг позади „Мајчин дом“

1409

Денеска започнаа градежните активности за изградба на нов паркинг позади ,,Мајчин дом”.

Како што информираа од Општина Аеродром, станува збор за простор на површина од 1.300 квадратни метри со капацитет за околу 60 паркинг места. Инвестицијата опфаќа асфалтирање на целиот простор, уредување на околното зеленило и партерно уредување на околниот простор.

Од локалната самоуправа велат дека со тоа се решава уште еден важен проблем на граѓаните од овој дел на општината.

-Со исполнување на ова важно ветување дадено пред граѓаните, се стремиме да го продолжиме континуитетот на успешно реализирани инфраструктурни проекти. Со градежната офанзива која отпочна во 2023, а ќе продолжи во текот на пролетта, аеродромци ќе добијат нови паркинг места, сообраќајници, пешачки патеки и ред други инвестиции во подобрување на инфраструктурата и условите за живот – соопштија од Општина Аеродром.