За нас во Македонија ќе се памти по тоа што напишал и песна за нашата Сашка Петковска (песната “Толико љубави“), но секако најмногу по песната “Иди, иди душо моја“ која на фестивалот “Белградска пролет“ маестрално ја отпеа нашиот Драган Мијалковски, која потоа стана голем југословенски хит кој и денес се слуша. Војкан е познат како автор и по големиот хит “А, сад адио“ од телевизиската серија „Жежок ветер“ со Љубиша Самарџиќ и Чкаља

Ова се само некои од хитовите (Одисеја, Ја те волим, Свет без тебе, Реци ми шта је љубав, Лаку ноћ драги лаку ноћ драга, Једном кад се заљубиш, Има времена, Бићу увек сам, Збогом Кристина, Ветар у твојој коси….) по кои ќе го памтиме славниот српски и ексјугословенски композитор Војкан Борисављевиќ кој вчера почина на 74-годишна возраст.

Војкан Борисављевиќ е роден на 5. мај 1947. година во градот Зрењанин, а од 1948. година живее во Белград. По завршувањето на средното училиште, студирал на Филозофскиот факултет во Белград. Своето музичко образование го стекнал во белградските училишта „Д-р Воислав Вучковиќ“ и „Станковиќ“, како и на приватни студии во Париз, а уметничката кариера ја започнал во 1965. година.

Целиот работен век го помина како хонорарен уметник во рамките на Здружението на композитори на Србија со статус на истакнат уметник. Компонирал музика за театар, филм и телевизија, за детски песни, пишувал и инструментални композиции и аранжмани, стотици дела од различни жанрови.
За време на неговиот живот, тој напиша повеќе од 500 забавно музички песни за најпопуларни пејачи Лео Мартин, Здравко Чолиќ(Љубав је само реч, за оваа песна велеше дека му е најомилена), Јасна Злокиќ, Нада Кнежевиќ, групата Индекси, Сенка Велетанлиќ, за нашата Сашка Петковска (песната “Толико љубави“).

Но секако дека ќе остане за нас запаметен најмногу по песната “Иди, иди душо моја“ која на фестивалот “Белградска пролет“ маестрално ја отпеа нашиот Драган Мијалковски, а песната веднаш потоа стана голем југословенки хит!. Војкан е познат и по големиот хит “А, сад адио“ од телевизсиката серија „Жежок ветер“.

На 22. март 2018. година тој одржал авторски концерт на Големата сцена на Народниот театар во Белград, наречен „Мојата одисеја“. Пред три години објавил своја биографска книга со ист наслов „Мојата одисеја“ во која ги опишал сите згоди и незгоди од многу богатиот композиторски живот.    Д.Миќиќ / фото:Јутјуб